Sertaç Bulur
26 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
АНКАРА (АА) - СЕРТАЧ БУЛУР -
Во согласност со постигнатиот договор меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ од Мунбич и западно од Еуфрат до крајот на 2018 година, организацијата, продавајќи го на црната берза оружјето што го поседува, обезбедува финансиски ресурси за себе, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што дописникот на АА ги обезбеди од сигурни извори, во врска со ветувањето на САД дека терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ ќе се повлече од окупираните територии во Сирија, првенствено од Мунбич, и дека ќе го врати оружјето што САД им го доделија, на терен постои сосема спротивна ситуација. АА дознава дека САД им испраќаат нови количества оружје на терористите.
Конвој од 200 ТИР-ови со оклопни возила, тешко вооружување и муниција влезе во Сирија, минувајќи го граничниот премин „Сималка“ кој е контролиран од страна на Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY).
Од друга страна, во северниот дел на Сирија, терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ на црната берза го продава оружјето добиено од САД. На тој начин се обезбедуваат финансиски ресурси за организацијата и истовремено се обезбедува останување во регионот на американското оружје кое треба да биде вратено во САД.
Според договорот меѓу Турција и САД, силите на ЈПГ до крајот на 2018 година треба да се повлечат од Мунбич и западно од Еуфрат, и да го вратат оружјето добиено од САД.
Терористичката организација која не го враќа оружјето добиено од САД, со промена на местото планира да го употреби оружјето при евентуална операција против Турција.
САД продолжуваат со помош во оружје да ги поддржуваат елементите на терористичката организација во Сирија кои се кријат под плаштот на т.н. Сириски демократски сили (СДГ).