Gamze Türkoğlu Oğuz
26 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
ДАКА (АА) - Повеќе од 16.000 лица по поплавите предизвикани од монсунските дождови беа принудени да ги напуштат своите домови во Мјанмар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Мјанмар тајмс“ (Myanmar Times) јавува дека обилните дождови кои започнале за време на викендот најмногу ја погодиле сојузната држава Карен, во близина на границата со Тајланд.
Од главниот град на Карен, Хпа-ан, раселени се повеќе од десет илјади лица, а ситуацијата во градот е полоша од претходните години.
Монсунските дождови ова лето ги погодија Филипините, Јапонија и голем дел од Југоисточна Азија.
Муслиманите од Аракан кои се наоѓаат во Бангладеш се соочени со ризик од губење на привремените засолништа, а загадената вода носи опасност од зараза.
Меѓународна хуманитарна помош е неопходна за неколку стотици аракански бегалци кои побараа засолниште во подрачјата на Бангладеш, а кои сега се погодени со монсунски дождови.