Hakan Ceyhan Aydoğan
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
МОСКВА (AA) - Гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со санкциите на САД кон руските функционери порача дека во ваква ситуација без алтернатива се постапува според принципот на реципроцитет, како и дека за одговорот на САД ќе одлучи претседателот Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков се осврна на одлуката на американскиот претседател Барак Обама, кој синоќа воведе санкции кон руските функционери и разузнавачките служби во знак на одмазда за руското влијание во текот на претседателските избори во САД, поточно хакирање на американските политички страници и е-поштата.
„Моментално не можам да речам кој ќе биде нашиот одговор, но во ваква ситуација без алтернатива се постапува според принципот на реципроцитет, како и дека за одговорот на САД ќе одлучи претседателот Владимир Путин“, рече Песков.
Тој нагласи дека Русија не ги прифаќа тврдењата на САД.
„Изненадувачки фактот што американската администрација што набрзо ќе ја напушти Белата куќа донесува една одлука што ќе ги наруши односите на двете земји. Од перспектива на меѓународното право, одлуката ја сметаме за нелегитимна“, порача Песков.