Meltem Bulur,Nazlı Yüzbaşıoğlu
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денес во Анталија изјави дека e неприфатливо војниците на САД да користат обележја не некои терористички организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу зборуваше на прес конференцијата по повод состанок со претставниците на неразвиените земји на Обединетите нации (ОН), а во таа прилика се осврна на фотографиите на кои можат да се видат американските војници во униформи со обележја на ЈПГ, инаку огранок од терористичката организација ПКК на територијата на Сирија.
„Неприфатливо е војниците на земјата, која е наш сојузник и е многу амбициозна на полето на борба против тероризмот, да користат обележја на една терористичка организација”, изјави Чавушоглу.
Чавушоглу изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно, и на претседателот на САД, Барак Обама и на министерот за надворешни работи, Џон Кери укажал на фактот дека ЈПГ И ПЈД не може да им се верува.
„Тие рекоа дека се заедно со Турција во борбата против тероризмот. А потоа носеа обележја на терористичките организации кои се одговорни за последните два напади во Анкара. Изговорот беше дека тоа е поради сопствена безбедност. Им препорачувам (САД) да носат обележја на ДАЕШ, Ал Нусра и Ал Каеда кога посетуваат разни делови на Сирија. Кога одат во Африка нека носат обележја на Боко Харам. На оние кои ЈПГ не ја сметаат за терористичка организација, нашиот одговор е: - Тоa е двоен стандард и дволичност”,порача Чавушоглу.
Тој нагласи дека исто така неприфатливо е селектирање помеѓу терористичките организации, и додаде дека Турција се бори против сите терористички организации.
Откако се појавија фотографии на американските војници кои носат обележја на ЈПГ, за време на заедничката операција во Сирија, министерството за одбрана на САД соопшти дека американските војници и претходно носеле некои обележја на сојузниците во текот на извршувањето на заеднички операции.