Sarp Özer
28 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
АНКАРА (AA) – Во рамките на офанзивата Штитот на Еуфрат насочена кон упориштата на терористите на северот на Сирија, убиени се четири припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Турските вооружени сили (ТСК) соопштено е дека офанзивата Штитот на Еуфрат е покрената на 24 август на северот на Сирија поради неутрализација на терористичките закани со акцент на ДЕАШ и јакнење на безбедноста во сириско турскиот пограничен појас и понатаму трае.
Единиците при Слободната сириска војска (ФСА) 97. дена од офанзивата воспоставила контрола над селата Халилије, Ајами и Шабвиран. Во рамките на офанзивата заплленети се две возила на терористичката организација ДЕАШ во кои имаше оружје. Во судирите до кои дојде убиени се четворица терористи.
Во напад на авионите на турските воздушни сили на упориштата на ДЕАШ уништени се четири згради на спомнатата организација.