Halit Süleyman
05 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
АЛЕПО (АА) – Сириските опозициски сили срушија воен авион на сириската војска на подрачјето Ајша во јужниот дел на Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот е срушен на подрачјето кое е бомбардирано.
Локалните извори наведуваат дека е срушен авион од типот СУ 22, кој ѝ припаѓа на сириската војска. Срушен е на подрачјето под контрола на сириската опозиција, кое претходно беше мета на воздушни напади.
Пилотот го преживеа падот и се наоѓа во рацете на припадниците на сириската опозиција.