Rustam Mikayilli
05 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
ВИЛНУС (АА) – НАТО Командантот на сојузничките сили во Европа, Генерал Филип Бридлав напомена дека поради руската закана, потребно е во земјите на Источна Европа и балтичките земји да се зголеми бројот на воените единици, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговотор за естонскиот телевизиски канал ЕРР, американскиот генерал изјави дека претседателот на Русија поседува силна војска. Бридлав посочи дека руската војска се покажа во Сирија и во Источна Украина.
„Путин вложи многу во војската во последните пет години. Ракетните можности на Русија се многу големи. Бродовите и подморниците се опремени со проектили“ изјави генералот Бридлав.
Бридлав потенцираше дека НАТО е потребно да го сопре воениот потенцијал на Руската војска.
„Потребно е поставување на НАТО сили во земјите од Источна Европа и балтичките земји. Доколку Путин погледне преку границата, нема да види само една земја, ќе го види НАТО. Доколку ја премине границата, тогаш нема да се соочи со една земја, туку ќе се соочи со НАТО“, рече генералот Бридлав.
Бридлав ја нагласи потребата од сериозно следење на активностите на Русија, од страна на НАТО.