Mustafa Keleş
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ЊУЈОРК (AA) - Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно го усвои предлогот на резолуцијата кој предвидува испраќање на меѓународни набљудувачи кои ќе ја пратат ситуацијата и процесот на евакуација на цивилите од Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната седница Советот едногласно го одобри предлогот кој вчера го поднесе Франција, а Русија првично се спротиставуваше со закана на употреба на вето на глас, но предлагачот Франција потоа во предлогот ги вклучи и руските барања.
Резолуцијата предвидува испраќање на набљудувачка мисија на ОН и другите меѓународни хуманитарни организации кои ќе подговат објективен извештај за состојбата во Алепо и ќе ја набљудуваат безбедноста и процесот на евакуација на цивилите од тој сириски град.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун најкасно за пет дена на Советот за безбедност ќе му поднесе извештај за имплементација на одлуките на резолуцијата.
Во резолуцијата се повикуваат сите страни во Сирија со меѓународни набљудувачи да овозможат движење и работа на теренот, како и да ги заштитат цивилите.
Исто така, сите страни повикуваат да да се заштитат медицинските институции и персоналот, како и да овозможат доставување на лекови и опрема во сите региони зафатени со војната.
Вчера во предлогот на Франција беше наведено дека од генералниот секретар на ОН се бара да ангажира меѓународни набљудувачи на истокот во Алепо, а Русија потоа побара да се вклучи и обврзувачко одобрение на сирискиот режим за да набљудувачите не бидат изложени на безбедносни ризици. Во конечна и усвоена верзија на резолуцијата стои дека од генералниот секретар на Он се бара да во консултациите со вклучените страни обезбеди услови и да ангажира набљудувачи.