Ata Ufuk Şeker
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) денес ги продолжи економските санкции кон Русија за дополнителни шест месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот на ЕУ денеска соопшти дека до 31 јули 2017 година ќе ги продолжи економските санкции кон Русија, воведени поради дестабилизацијата на Украина.
Лидерите на земјите членки на ЕУ овој договор го постигнаа уште во четвртокот вечерта, а денес официјално го прогласија.
Со економските санкции се ограничува пристапот до пазарот на ЕУ од примарен и секунадерен капитал од пет руски големи државни финансиски институции и нивните филијали надвор од ЕУ.
Санкциите исто така се однесуваат на трите главни руски енергетски компании и три воени компании.
Со споменатите санкции се забранува извоз и увоз на оружје, како и извоз на стока со двојна употреба, за војската или за крајните корисници во Русија.
Исто така, со санкции се ограничува пристапот на Русија до одредени чувствителни технологии и услуги кои може да се користат за производство и експлоатација на нафта.