Yusuf Hatip
27 Март 2016•Ажурирано: 28 Март 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Нападот кој се случи во забавниот парк во пакистанскиот град Лахор, го извршија пакистанските талибани, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакистанските медиуми јавија дека одговорноста ја презеде Џемаат ул-Ахрар, групата поврзана со пакистанските талибани.
Како резултат на бомбашкиот напад во паркот "Ѓулшен Икбал" загинаа 63 лица, од кои повеќето се деца и жени, а беа повредени 300 други.
Познато е дека нападот бил извршен од бомбаш-самоубиец. По нападот во земјата е прогласена тридневна жалост.