Fatjon Cuka
02 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
ТИРАНА (АА) - Обвинителството во Тирана започна истрага врз основа на информациите и тврдењата за опрема за прислушување во кабинетот на министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири, јавува Anadolu Agency (AA).
Од првичните податоци на обвинителството се открива дека истрагите започнаа по обвинението од страна на лидерите на ова министерство во врска со наводите за таков уред.
Министерството за внатрешни работи привремено се пресели во просториите на Републиканската гарда, поради реконструкција на постоечката зграда во центарот на Тирана.
Да потсетиме дека пред неколку дена поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, преку статусот на својот Фејсбук профил тврди дека постои таква опрема во канцеларијата на министерот Тахири.