Handan Kazancı
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Новиот израелски амбасадор во Турција денес пристигна во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
По слетувањето на аеродромот „Есенбога“, Ејтан На'ех пред новинарите зборуваше за помошта од страна на Турција во големите пожари во Израел минатата недела и рече дека земјите имаат историја на помагање едни на други кога било потребно.
Тој додаде дека со нетпрение ја очекувал оваа улога во Турција. Ејтан На'ех претходно служеше во израелската амбасада во Анкара во 1990 година, и се врати по тригодишен мандат како заменик-амбасадор во Лондон.
Земјите ги обновија врските во јуни, шест години по нападот на Израел врз хуманитарниот брод „Мави Мармара“ во мај 2010 година.
Во септември, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го објави назначувањето на поранешниот советник за надворешна политика, за нов амбасадор на Турција во Израел. Кемал Окем се очекува да ги преземе должностите во Тел Авив подоцна во текот на овој месец.