Etem Geylan
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Угледни турски психијатри сметаат дека членовите на терористичката организација ФЕТО со години се убедувани во натприродни нешта и цели и дека процесот на неутрализација на тоа влијание на нивната ментална состојба нема да биде лесен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговор за АА, психијатарот Сефа Сајгили рече дека е забележан пад на членови на ФЕТО и дека многу членови не се извлекле од заблудатa во која се вовлечени. Тоа е терористичка организација, предводена од Фетула Ѓулен, која во Турција се процесуира за повеќегодишна мрежа за криминал и неуспешниот обид за воен удар во јули оваа година.
„Многу од овие членови се уште во заблуда и веруваат дека ќе ја вратат старата сила и моќ на организацијата. Во вториот дел од членството владее пад на моралот, разочарување и паника откако сфатија дека човекот кој ја водеше оваа организација и на кој слепо му веруваа, е прав лажго, предавник и измамник. Меѓу нив има се повеќе и самоубиствени нагони ", рече Сајгили.
Истакнувајќи дека организацијата ФЕТО постојано им даваше надеж на своите членови, Сајгили рече дека и денес се обидуваат со лаги и измами да го задржат членството заедно.
„Државата треба да се справи со ова прашање и да ги гони оние кои се уште се во контакт со организацијата ФЕТО. Доколку добијат шанса повторно, овие предавници може да станат против државата и нацијата. Станува збор за луѓе кои се супериорни со долгогодишно перење на мозокот и кои лесно може да поверуваат во се што ќе им се каже и вети. Во таа заедница, за жал, има секаков вид на зло и предавништво", рече Сајгили.
И психијатарот Кемал Сајар за АА рече дека големиот број на студии за секти и изопачени религиозни групи покажа дека во случај на неуспех и недостиг на натприродните цели доаѓа до губење на еден дел од разумното членство, но исто така и до јакнење на солидарноста меѓу оние кои остануваат во групата
„Покрај тие ветувања и соништа, по неостварувањето на целите доаѓа до заблуда, раздор меѓу членовите, одбивањето од остатокот од заедницата и на крај затворање во параноја. Раководството на таквите групи во такви случаи со пропаганда ги уверува своите членови дека тие се избрани, дека народот не ги разбира, бидејќи тие се над него и дека тие ќе бидат крајни победници. Така се обидуваат да ја зачуваат групата, сите овие сегменти сега ги гледаме во случај на терористичката организација ФЕТО ", рече Сајгили.
Тој рече дека депресијата и падот на моралот се присутни во оној дел од членството, кој е во вовлечена во ФЕТО со измама, без да знаат од почетокот во што всушност се впуштаат.
Психијатарот Доган Сахин исто така, тврди дека раководството на ФЕТО се обидува со продолжување на измама и убедување во обновувањето на силата и моќта да ја одржи организацијата обединета.
„Не е изненадување то што многумина во рамките на ФЕТО и понатаму слепо веруваат во таквите лаги. Слегпо го следеа патот кон водењето на земјата и народот во пропаст а сега само го продолжуваат тоа. Кога тоа стално ви го повторуваат луѓето со кои сте во контакт, нормално е тие луѓе да бидат убедени во тоа после одредено време", рече Сахин.