Sertaç Bulur
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку 31 терорист во југоисточниот дел на земјата, вклучувајќи ја и најбараната челничка на терористичкото движење ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи потврди дека во антитерористичката операција што започна на 2 ноември во Ширнак, беа неутрализирани 31 член на терористичката организација ПКК, меѓу кои и Хулја Ероглу, која го користеше кодното име Гулбахар.
Станува збор за членка на таканаречениот Петочлен извршен совет на терористичката група ПКК/КЏК, кој се наоѓа на Црвената листа на бараните терористи и е единствената од таа листа што престојуваше во рамките на турските граници.