Emre Aytekin
09 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ТОКИО (АА) - Бројот на загинатите лица во разорниот земјотрес кој во четвртокот го погоди северниот јапонски остров Хокаидо, се зголеми на 37 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтер се смета за најразорен потрес во Јапонија во изминатите две и пол децении.
Земјотресот предизвика голем број свлечишта, а локалните власти утринава соопштија дека спасувачките екипи пронашле тела на вкупно 37 загинати лица.
Најмногу жртви, поточно 33, настрадаа во свлечиштата на планинската периферија Атсума.
Потрагата е сѐ уште во тек, бидејќи најмалку две лица се водат за исчезнати.
Загрозениот регион и градот Сапоро ги посети и јапонскиот премиер Шинзо Абе.