İlker Girit
03 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Непозната група отвори оган врз полициска станица во истанбулската населба Бајрампаша утринава, јавува Anadolu Agency (AA) .
Напаѓачите го нападнаа обезбедувањето на влезот од Управата на полицијата во Бајрампаша, на европската страна од Истанбул, а полициските службеници одговориле на пукањето.
По кратките пукотници, напаѓачите избегале од местото на настанот. Очевидци тврдат дека еден од напаѓачите е ранет.
Акцијата за пронаоѓање на напаѓачите е во тек.