Rahmi Gündüz
03 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
ПАРИЗ (АА) - Се дознава дека во трговскиот центар кој се наоѓа пред музејот Лувр, во главниот град на Франција, Париз, војникот отворил оган врз лице кое се обидело да го нападне со нож, јавува Anadolu Agency (AA).
Француските медиуми објавија вест дека во трговскиот центар кој се наоѓа пред музејот Лувр во Париз, војник отворил оган врз лице кое го нападнало со нож, во обид со кофер в рака да влезе во подрачјето.
Се дознава дека напаѓачот е потешко ранет.
Во кусото известување што го даде Министерството за внатрешни работи на Франција се вели дека продолжуваат акциите на безбедносните сили и на екипите за прва помош.
Се известува дека се испразнети музејот Лувр и метро станиците што се наоѓаат во негова близина.