Besar Ademi,Cuneyt Davut
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Надиа Мурад, 22-годишната девојка од Ирак, која беше киднапирана од страна на терористичката организација ДАЕШ и по некое време успеала да побегне, денеска го посети бегалскиот камп во Идомени, каде што се блокирани околу 12 илјади бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Надиа Мурат по обиколката на кампот во Идомени апелираше да им се помогне на бегалците кои се обидуваат да избегаат од тероризмот и немаат друго место каде да одат. Таа истакна дека бегалците во Идомени живеат во бедни услови и побара од Грција да најде место за сместување на бегалците во други кампови.
„Меѓународната заедница треба да обрне внимание на ова што се случува и да најде решение. Засега се заглавени илјадници, но ако не се спречи тероризмот, овој број ќе порасне на милиони бегалци. Светот мора да направи две работи, да го спречи тероризмот и да им помогне на бегалците кои бегаат од тероризмот и немаат каде да одат”, рече Мурад.
Надиа Мурад Басе Таха е една од 5 илјади жени кои беа заробени од страна на терористичката организација ДАЕШ при нивното навлегување на северната ирачка територијата. Таа беше киднапирана во август 2014 година во своето село во една покраина на Ирак, а потоа испратена со аутобус во Мосул. По три месеци, таа успеала да избега и да се спаси од тортурата на ДАЕШ а сега живее во Германија.
Дваесет и двегодишната девојка од Ирак, хоророт кој што го доживеа во текот на тримесечното заробеништво, како роб на ДАЕШ, го кажа во ОН и го молеше Советот за безбедност на ОН за побрзо елиминирање на оваа терористичка организација. Помалку од 24 часа по појавувањето на Надиа Мурад во ОН, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека ДАЕШ прави геноцид против населението на Ирак и Сирија.