Bekim Laci
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети на денешната прес-конференција го презентираше Извештајот за состојбите на човекови права, кој го достави до Собранието на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мемети при презентирањето на годишниот извештај истакна дека се констатирани бројни индивидуални но и групни повреди, како појава на масовни прекрпувања на човековите слободи и права.
“Незаконското следење на комуникациите, полициската бруталност при вршење на полициските работи, бегалската криза, лошиот затворски систем, притисоците врз средношкоцците, противзаконската наплата на радиодифузната такса- беа само дел од појавите на масовно прекршување на човековите слободи и права, за кои Народниот правобранител загрижено реагираше”, изјави Мемети додавајќи дека во оваа извештајна година се примени најголем број поплаки од граѓани од кога постои институцијата.
“Постапивме по 5.336 случаи, од кои само во извештајниот период беа примени 4.403 претставки, а беа извршени околку 8.500 разговори со граѓани и странци за различни проблеми со кои се соочуваат и на кои им е даден правен совет. Карактеристиката е дека значителен број на граѓани и покрај тоа што знаат дека за одредени прашања не сме надлежни, сепак сакаат да ги изнесат нивните проблеми”, додаде Мемети во продолжение на презентирање на извештајот.
Помеѓу другото, Народниот прабобранител истакна и дека “се бележи тренд на зголемување на полициската бруталност, недоволна грижа за презумпцијата на невиност, а одредени полициски службеници, сметаат дека треба да ги казнуваат граѓаните при примена на полициските објаснувања”.
Освен тоа, Мемети во извештајот се осврнува и на третманот кон бегалците.
“Навремено укажав за слабиот систем и лошите услови на странци. Но и покрај тоа, приливот на бегалци како да ги затекна надлежните, кои не успеаа да обезбедат соодветен прифат, сместување и транспорт за хуман третман на овие лица” , наведува Мемети, потенцирајќи дека со зтворањето на границите не е решена бегалската криза и токму затоа постојат предизвици кои бараат сериозен пристап од надлежните.