Betül Yürük
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во престолнината на Мексико, Мексико Сити се случи експлозија во еден магацин за пиротехнички средства, при што загинаа најмалку 26 лица, а повредени се околу седумдесет, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералната полиција на Мексико, соопшти дека експлозијата се случила на оддалеченост од 32 километри од центарот на градот, во подрачјето на Сан Паблито, во еден магацин за пиротехнички средства.
Според првичните инфомации добиени од полицијата, во експлозијата животот го загубиле 26 лица, а повредени се околу седумдесет.
Надлежните лица наведуваат дека од експлозијата е предизвикана материјална штета на околните згради и постои загриженост поради можноста да се зголеми на бројот на загинатите и ранетите.