Ekipa
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
СКОПЈЕ (AA) - На гласањето на денешните Локалните избори нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, се истакнува од Министерството за внатрешни работи на РМ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес-конференцијата истакна дека забележан е еден инцидент во општина Бутел, кој не е поврзан со изборите, како и дека во врска со изборите нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Беше соопштено дека Министерството има пријава и за седум случаи за поткуп, и дека полицијата е присутна на терен.
На прес-конференцијата беше истакнато дека бил регистриран привремен прекин или доцнење на гласањето на 20-тина гласачки места од технички причини, каде што гласањето потоа е продолжено.
- Локални избори во Македонија: Отворени гласачките места -
Утрово во 7 часот се отворени гласачките места ширум Македонија за локалните избори на кои граѓаните ќе избираат локална власт за наредните 4 години.