Emre Aytekin
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
СИНГАПУР (АА) - Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) и Јужна Кореја, по повод средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, која ќе биде одржана на 12 јуни во Сингапур, порачаа дека САД и Јужна Кореја ќе продолжат со своите блиски сојузнички врски, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ (Yonhap) објави дека министерот за одбрана на земјата, Сонг Јонг Му Song се состанал во Сингапур со американскиот колега Џим Матис, на маргините на Азискиот безбедносен самит.
Двајцата министри за време на состанокот истакнаа дека средбата на Трамп и Ким е „историска можност“ од Корејскиот Полуостров да се отстрани нуклеарното вооружување, и да се воспостави долгорочен мир.
Матис истакна дека без оглед какви и да се безбедносните услови на Корејскиот Полуостров, неговата земја ќе продолжи да пружа одбранбена поддршка на Јужна Кореја, односно дека САД не планираат да го намалат бројот на војници во Јужна Кореја, каде што моментално имаат 25.500 војници.
Министерот Сонг исто така изјави дека неговата земја ќе ја продолжи соработката со САД, со цел намалување на воената напнатост на островот, и воспоставување на меѓусебна доверба.