Sinan Uslu
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј се состана денес во Лондон со премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер се наоѓа во Лондон по повод конференцијата за Сомалија. Како што наведуваат изворите од кабинетот на премиерот, во рамките на конференцијата, чии домаќини се Велика Британија и ОН, Јилдирим се состанал со Меј.
Состанокот беше затворен за јавноста, а на средбата присуствуваше и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.