Elena Teslova
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, објави дека Русија ќе одговори на протерувањето на дипломатите од многу земји, вклучувајќи ги и САД и Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе одговориме, не се сомневајте во тоа, бидејќи таквата непристојнот не може да остане премолчена“, рече Лавров, денес во обраќањето пред новинарите на маргините на Конференцијата во узбекистанскиот главен град Ташкент.
Властите во многу земји протерале десетици акредитирани руски дипломати во солидарност со Велика Британија и го осудија труењето на поранешниот руски агент и неговата ќерка во јужниот дел на Англија.
Лавров, исто така, рече дека овој координиран случај покажува дека има многу малку независни држави во модерна Европа, но и во светот.
„Многу земји бараат заминување на еден или на двајца наши дипломати, и низ шепот ни се извинуваат. Ние сме свесни дека ова е резултат на колосалниот притисок и уцената кои станаа главно оружје на Вашингтон во меѓународните односи“, порача Лавров.
Шефот на руската дипломатија го спореди ова со ситуацијата кога САД отворено им се закануваа на припадниците на Обединетите нации, ако гласаат против американското признание Ерусалим да биде главен град на Израел.
„Тоа, исто така, ја отсликува гордоста на владеачките елити кои не се грижат и не го слушаат гласот на народот. Ги видов резултатите од анкетното истражување во кое 80 отсто од испитаниците се спротивставија на новите санкции за Русија“, рече Лавров.
Поранешниот руски агент, 66-годишниот Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија, беа пронајдени во бессознание во Солсбери, по што беа згрижени во болница. Велика Британија ја обвини Русија за труењето на Скрипал, што рускиот претседател Владимир Путин категорично го негираше.
Официјален Лондон тврди дека нападот бил извршен со помош на нервниот отров „новичок“, кој Советските Сили го користеа за време на Втората светска војна.
Вчера, 14 членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска, соопштија дека ќе протераат голем број руски дипломати во солидарност со Обединетото Кралство. Досега, најмалку 45 руски официјални лица се протерани од Европа.
И САД вчера протераа вкупно 60 руски дипломати и наредија затворање на рускиот Конзулат во Сиетл.