Betül Yürük
18 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Карибите се подготвуваат за удар на нов ураган, сѐ уште неопоравени од последиците на разорниот ураган Ирма што неодамна ги погоди островите во Атлантскиот Океан, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека тропската бура Марија прераснала во ураган од прва категорија.
Новиот ураган, кој го носи истото име како бурата, претставува голема опасност за Карибите, а се очекува да го погоди тој регион со брзина од 120 километри на час.
Во соопштението на Центарот се наведува дека ураганот Марија, придружен со бурни ветрови и врнежи, денес требало да ги погоди Заветрените Острови, а издадено е предупредување и за островите Мартиник, Гваделуп, Доминика, Сент Китс, Невис и Монтсерат.
Неодамна, ураганот Ирма ги погоди Карибите и американските сојузни држави Флорида, Јужна Каролина и Џорџија. Притоа во САД животот го загубија најмалку 18, а на Карибите 37 лица. Во Флорида беа евакуирани 6,5 милиони жители, што беше најмасовната евакуација во историјата на САД.