Ekipa
09 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
НИОН (AA) - Фудбалските клубови од Косово ќе мора да причекаат година дена пред да дебитираат во натпреварувањата на УЕФА, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фудбалскиот сојуз на Косово на почетокот на март во Будимпешта е примен во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) како 55 членка.
Тоа на косовските клубови им овозможи во првата рунда од квалификациите на Лигата на шампионите и Лига Европа доколку поединечно ги исполнат УЕФА правилникот за лиценцирање и финансиски фер-плеј регулации.
Од УЕФА истакнаа дека шампионот на Косово Фероникели и победникот на Купот Приштина не ги исполнуваат во потполност критериумите на лиценцирање и со самото тоа немаат право да учествуваат во клубските натпреварувања на УЕФА во сезоната 2016/17".