Mehmet Tosun
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин, денеска во Анкара изјави дека турската економија од вчера бележи позитивен тренд и „очекуваме продолжување на овој тренд“, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција не е на страната на економската војна, но незамисливо е да не реагира на напади“, рече Калин на конференцијата за новинарите во Анкара.
Тој најави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе разговара телефонски со германската канцеларка Ангела Меркел, а утре ќе разговара и со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Калин изјави дека Соединетите Американски Држави (САД), поради еден свештеник односите со Турција ги доведуваат до точка на потполно уништување, притоа не направиле ништо во однос на ФЕТО и ПКК.
„Додека тие (САД), поради еден свештеник односите ги доведуваат до точка на потполно рушење, до тоа да загубат земја како што е Турција, ние од американската администрација, ниту од онаа на Обама, ниту од оваа на Трамп, сѐ уште не видовме ниту еден конкретен чекор за прашањето на ФЕТО и ПКК, а тоа се две темелни легитимни и итни работи за националната безбедност на Турција“, порача Калин.