Mustafa Melih Ahıshalı
18 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
ТЕХЕРАН (АА) – Министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф изјави дека Иран е против учеството на Соединетите Американски Држави (САД) на преговорите во Астана, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција Тесним, Зафир на прашањето: „Каков е ставот на Иран за присуството на САД на преговорите во Астана?“ одговорил: „Ние не ги повикавме САД и сме против нивното учество“.
Во план е преговорите чија основна цел е да се постигне помирување во односите меѓу силите на Асадовиот режим и опозициските сили да се одржат на 23 јануари во Астана, главниот град на Казакистан.