Khalilur Rahman Salahshoor,Mustafa Melih Ahıshalı
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 23 лица загинале, а над 500 се приведени за време на антивладините протести во Иран, кои започнаа во четвртокот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од официјалните ирански власти и од локалните медиуми, шест лица го загубиле животот во градот Доруд, две лица во Изе, три лица во Тујсеркан, Шахин Шехр и Хумејнишехир, едно лице го загуби својот живот во Неџеф Абад, додека шест лица во Гахдериџан. Според соопштеното, еден безбедносен службеник е убиен во Кехриз-Сенг.
Според иранските власти, за време на демонстрациите приведени се најмалку 500 лица. Неофицијалните извори велат дека оваа бројка е неколкупати поголема.
„Вкупно 450 лица се приведени во Техеран, од кои 200 во саботата, 150 лица во неделата и 100 лица во текот на вчерашниот ден“, нагласи во соопштението заменикот гувернер на Техеран, Али Асгар Насирбахт.
Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во градот Мешхед започнаа да протестираат во четвртокот, а протестите брзо добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.