Muhammet Kurşun
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Владата на Иран ги суспендираше сите ставки од Договорот за нуклеарна програма, најавувајќи дека од денес нема да се придржува до ниту една ставка од претходно потпишаниот договор, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на официјален Техеран се наведува дека земјата нема да се придржува кон никакви ограничувања кога станува збор за збогатувањето на ураниумот, складирањето на збогатениот ураниум, како и истражување и развој на нуклеарната програма.
Иран, како што се вели, својата нуклеарна програма ќе ја прилагодува на сопствените потреби, без ограничувања во бројот на центрифуги.
Истакнувајќи дека ќе ја продолжат соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија, иранските власти изразија подготвеност за враќање кон договорот во случај на укинување на санкциите.
Во мај годинава, американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот за нуклеарна програма, кој беше потпишан во 2015 година меѓу Иран и групата П5 + 1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија).
Нуклеарниот договор поставува ограничувања на иранската нуклеарна програма во замена за милијарди долари за олеснување на санкциите. Техеран, од друга страна, наведува дека нивните ракети се конвенционални и дека не станува збор за кршење на резолуцијата на ОН.