Tuba Şahin
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Заводот за статистика на Р. Турција (TurkStat) објави извештај во кој се наведува дека индустриското производство во земјата во декември е зголемено за 8,7 отсто во однос на истиот период претходната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Индустриското производство во Турција во декември минатата година оствари исто така раст од 0,9 отсто, во однос на ноември.
Најголем пораст на производството во месец декември, од 14 отсто, е остварен во секторот на рударството и каменолом.
Паралелно со тоа, турското индустриско производство во последниот квартал од минатата година е зголемено за 7,8 отсто, во однос на истиот период претходната година.
Зголемувањето на индустриското производство се смета за едно од најпозитивните економски показатели и индикатор за растот на бруто домашниот производ (БДП).