Barış Gündoğan
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
АНАКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека прашањето за Африн и Идлиб ќе биде решено со цел бегалците што побрзо да се вратат во своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние ќе го решиме прашањето за Африн, исто така ќе го решиме прашањето за Идлиб, бидејќи сакаме нашите браќа бегалци да се вратат на своја територија, во своите домови. И тие сакаат што побрзо да се вратат во своите домови“, порача турскиот претседател Ердоган.
- „За што да разговарам со убиец кој уби милион свои граѓани?"
Турскиот претседател се осврна на изјавите на Кемал Киличдароглу, лидерот на турската опозициска Републиканска народна партија (CHP), кој неодамна изјави дека за случувањата во Сирија треба да се разговара со Башар ал-Асад.
„Тој (Киличдароглу) вели, 'Седнете со Асад и разговарајте'. За што да разговарам со убиец кој уби милион свои граѓани? Вие можете да се дружите и шетате држејќи се за раце со терористите, можете со нив да пешачите од Анкара до Истанбул. Можете да пешачите со едно неправедно разбирање на правдата, но ние досега не сме чекореле, ниту во иднина некогаш ќе чекориме заедно со оние кои излегуваат на пат со одобрување на терористичките организации“, порача Ердоган.