Sena Güler
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Кривичниот суд во Анкара денес им изрече доживотни затворски казни на 64 осудени лица за инцидентите што се случија во воената академија во главниот турски град, за време на неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година, истакнаа судски извор, јавува Anadolu Agency (AA).
17. Суд за тешки кривични дела во Анкара на 60 осомничени лица им изрече доживотни затворски казни додека на четири други им е изречена отежната доживотна затворска казна (можност за помилување по отслужени 36-40 години затвор), велат судски извори.
Вкупно 164 осомничени лица беа изведени пред судот во врска со овој случај, додека 100 беа ослободени, додава изворот.
Ердоган Курт, Волкан Кенџи, Салим Башаран и Кенан Чакар, кои добија отежнат доживотен затвор, се обвинети за обид за соборување на уставниот поредок.
На чело со Фетула Ѓулен, терористичката организација ФЕТО со посредство на инфилтрирани членови во институциите, во јули 2016 година се обиде да изврши воен удар во Турција, во кој загинаа најмалку 250 лица. Турција по тоа покрена опсежна борба против таа организација, која е формирана пред неколку децении, и под плаштот на верски програми ги злоупотреби верските чувства на луѓето поради остварување на своите терористички планови.