Mehmet Nuri Uçar
15 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
ГАЗА (AA) - Двјаца шехиди загинаа, од кои едно лице со инвалидитет, додека 82 други лица се ранети, за време на интервенцијата на израелските војници на протестите на Палестинците во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Палестинското министерство за здравство во Газа Есреф ал-Кудра изјави дека израелските војници интервенирале во текот на протестите во пограничното подрачје на Газа.
Истакна дека во таа прилика загинаа Палестинци Јасир Сукар (23) и Ибрахим Ебу Суреја (29), додека 82 лица се ранети, од што пет со потешки телесни повреди.
Починатиот Ебу Суреја во 2008. година исто така беше мета на нападите на израелските сили кога останал без двете нозе.
Додаде дека израелските војници користеле солзавец, боеви и гумени куршуми во текот на интервенцијата, додека демонстрантите одговорија со камења.
Американскиот претседател Доналд Трам на 6. декември донесе одлука за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, како и преместување на американската амбасада од Тел Авив. Потоа следуваа бројни протести во бројни држави.