Mohamad Misto
15 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во регионот на Источна Гута кај Дамаск, кој веќе пет години опколено го држат силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, околу 400.000 цивили живеат во тешки услови. Без храна, но и основни животни потреби живеат и децата, пишува Anadolu Agency (AA).
Последната жртва на гладта е деветмесечното бебе, Хусеин Макдех кого екипата на УНИЦЕФ, која ја посети Источна Гута на 28 ноември, го беше ставила на итната листа за евакуација.
Меѓутоа, тоа за ова бебе беше предоцна. Ја изгуби битката а живот.
Директорот на здравствениот центар во Мерчу, Источна Гута, Енес Ебу Јасир, за АА раскажа дека Макдех имал само четири килограми.
Освен тоа, според неговите зборови, Макдех, имал проблеми на дегенеративна деформација на брадата, па нивната мајка имала проблем со доење.
Ебу Јасир истакна дека во овој здравствен центар дошле многу бебиња како Хусеин.
„Го покажавме на екипата УНИЦЕФ кога дојде во делегација на ОН. Го прегледаа. Од нив баравме да го евакуираат барем во една болница во Дамаск“, појасни Ебу Јасир.
Тој нагласи дека на ова подрачје се наоѓале 300 деца кои имаат проблем со недоволна исхрана, а меѓу нив 40 се во критична состојба.
Ебу Јасир истакна дека од Источна Гута е потребна итна евакуација на повеќе од 500 луѓе. Доколку се продолжи оваа состојба, тој порача дека ќе дојде до најголема здравствена и криза на глад во овој век.
Според податоците на УНИЦЕФ претходно овој месец, поради недоволен третман и лекување, битката за живот ја изгубија петмина деца, а 137 е потребно итно да се евакуираат.
Источна Гута, во согласност со договорот на Турција, Русија и Иран постигнат во Астана е прогласена за зона без судири. Иако примирјето е прогласено на 22 јули, припадниците на режимот на Асад често го кршат.
Во нападите кои припадниците на режимот ги извршија во последните недели, многу објекти во руралните подрачја и околината на Гута се срамнети со земја.