Diyar Güldoğan
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес изјави дека Русија, Турција и Иран имаат целосно разбирање во борбата против тероризмот и зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Москва, Анкара и Техеран немаат 100 % исти цели во Сирија. Секоја земја можеби има различни пристапи кон ситуацијата во Сирија. Сепак, триото има потполно разбирање во борбата против тероризмот и зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија“, изјави Лавров.
Неговите забелешки дојдоа по неговиот говор во владиниот час (Government Hour) во федералниот совет, каде што вршат проценки на агендата.
Тој вели дека трите земји успеале да ги реализираат заедничките интереси. „Овие заеднички интереси обезбедуваат постојана и ефективна работа на форматот на Астана“, вели тој.
Русија, Турција и Иран се земји гарантери кои посредуваа во договорот за прекин на огнот во Сирија во декември 2016 година, по мировните преговори во Астана.
Во врска со дијалогот со САД, Лавров рече дека Русија е отворена за конструктивна заедничка работа со Вашингтон.
„За жал, ние не гледаме никаков напредок од администрацијата на САД“, вели тој.
Лавров додаде дека Русија не гледа за продлабочување на конфротацијата, додавајќи: „Но, секако, ние ќе продолжиме да одговараме на било какви непријателски чекори во согласност со принципот на реципроцитет“.