Ali H. M.Abo Rezeg
07 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските безбедносни сили во 2017 година на подрачјето на Западниот Брег и Појасот Газа уапсија 3.617 Палестинци, соопшти израелската војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска во денешното соопштение наведува дека бројот на уапсени е поголем во однос на 2016 година, кога израелските сили од слобода лишиле 3.313 Палестинци на споменатите територии.
Во соопштението се наведува дека во текот на минатата година, во 99 напади или обиди за напади на Западниот Брег загинале 20 Израелци, три повеќе во однос на претходната година.
Израелската војска наведува дека од Газа на територијата на Израел биле истрелани 35 ракети, од кои 30 по 6 декември, кога американскиот претседател, Доналд Трамп, официјално го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.
Според израелски податоци, израелската војска истрелала 59 ракети кон Газа, како одговор на нападите од другата страна.