Zehra Ulucak
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
АНКАРА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека значително се зголемени случаите на епидемија на мали сипаници во Европа, во споредба со изминатите години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на СЗО, во првите шест месеци од оваа година во Европа се забележани над 41.000 случаи на заболени од мали сипаници, од кои 37 лица го загубија животот.
Се вели дека во 2016 година се забележани 5.273 случаи на мали сипаници, додека во 2017 година биле забележани 23.927 вакви случаи.
Украина е земјата во која се забележани најмногу случаи на мали сипаници, односно над 23.000 случаи.
Оваа година над илјада лица во Франција, Грузија, Грција, Италија, Србија, и Русија биле заболени од мали сипаници, земји во кои се забележани и смртни случаи поради мали сипаници.
Србија е земја каде што најмногу луѓе, 14, го загубиле животот поради епидемијата на мали сипаници.