Aliia Raimbekova
06 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
АСТАНА (АА) – Во главниот град на Казахстан, во Астана започнаа техничките преговори за формирање на заеднични механизам, со цел да се следи и да се спроведе примирјето меѓу режимот на Башар Ал Асад и опозицијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Министерството за надворешни работи на Казахстан, на средбите што се одвиваат во Воениот музеј на вооружените сили на Казахстан, ќе се разговара за договорениот трилатерален механизам кој ќе биде формиран од страна на Турција, Русија и Иран.
На овие средби учествуваат и претставници од Обединетите нации.
На состанокот што се одржа на 23-24 јануари во Астана, под водство на Турција и Русија, се разговараше за мерките што ќе се преземат за зајакнување на примирјето.
На оваа средба учествуваа претставници од Иран, САД, режимот на Асад, како и од сириската опозициска војска.
Турција, Русија и Иран се договорија да формираат заеднички набљудувачки и контролен регулаторен механизам со цел да се обезбеди зајакнување и спроведување на примирјето во Сирија.