Bayram Altuğ
13 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Јахја ал-Aриди, портпарол на сириската опозиција, на мировните преговори во Женева истакна дека денешната средба со делегацијата на Обединетите нации (ОН) била доста сериозна и конструктивна во однос на вчерашната, јавува Anadolu Agency (AA).
Стефан де Мистура, специјалниот претставник на ОН за Сирија, во контекст на 8. рунда преговори во Женева денес оствари одделни средби со делегациите на сирискиот режим и опозицијата.
Ал Aриди по состанокот за новинарите изјави дека со Де Мистура детално преговарале за прашањето на одржувањето избори во Сирија, истакнувајќи дека е планирано утре да преговараат за прашањето за преодна влада.
Тој додаде дека, според опозицијата, за време на 8. рунда преговори постигнат е напредок во однос на претходните рунди мировни преговори.
Запрашан за учеството на режимот во преговорите, Ал Aриди рече дека делегацијата на сирискиот режим ги избегнувала директните преговори за време на осмата рунда.
Членовите на делегацијата на сирискиот режим по состанокот со специјалниот претставник на ОН за Сирија не дадоа изјави за медиумите.
Главните точки на 8. рунда мировни преговори беа преодната влада, подготовката на новиот устав и организирањето на слободни избори во Сирија.
Потсетуваме, 8. рунда мировни преговори за Сирија, кои започнаа на 28 ноември во седиштето на ОН во Женева, завршуваат утре.
Првите мировни преговори во Женева се одржаа на 30 јуни 2012 година.