Hakan Çopur
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Советот за национална безбедност на Белата куќа соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) остануваат посветени на стратешкото партнерство со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД се посветени на стратешкото партнерство со Турција да придонесат за стабилноста на регионот и да го надминат секој облик на тероризмот", одговорија од Советот за национална безбедност на САД на прашањето од АА по вчерашното тврдење на советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Херберт Рејмонд MекМастер кој изјави дека Турција ја поддржува идеологијата на радикалниот ислам.
Додаваат дека го ценат придонесот на Турција во јакнењето на безбедноста на своите граници, спречувањето на движење на странските борци преку својата територија и преземените напори за да во Сирија се порази терористичката организација ДЕАШ.
Во соопштението исто така се наведува дека преостанало уште многу работа во борбата против тероризмот и екстремизмот.
„Пред сите нас е уште многу работа за да се привлече внимание на идеологиите кои го поддржуваат финансирањето на тероризмот и екстремизмот", се додава во соопштението.
Потсетуваме, советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Херберт Рејмонд MекМастер, во вторник на панелот во Вашингтон изјави дека „Турција е една од земјите кои ја поддржуваат идеологијата на радикалниот ислам."
Министерството за надворешни работи на Турција, како одговор на неговата изјава соопшти дека таквите тврдења се неосновани и неприфатливи.
„Изјавите на советникот на американскиот претседател за национална безбедност, МекМастер кој се наоѓа во позиција на лице кое треба да знае најдобро каков вид борба води нашата земја против тероризмот и радикализмот, немаат никаква врска со реалноста и како такви се изненадувачки, неосновани и неприфатливи", се вели во соопштението Министерство за надворешни работи на Турција.