Ekip
18 Јуни 2016•Ажурирано: 19 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул изрази надеж дека Турција ќе направи сопствен носач на авиони, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако даде Господ, сами ќе направиме носач на авиони. Турските вооружени сили ќе имаат сопствен носач на авиони, ќе успееме во тоа. Нема никакви пречки за тоа. Доколку верувате, ќе успеете, доколку сте истрајни, ќе успеете", рече Ердоган и додаде дека Турција не може да си го дозволи луксузот во заостаноување во индустријата на одбраната и воениот сектор.
Ердоган порача дека без учење за историјата на Анадолија и Блискиот Исток, невозможно е да се разбере светската историја.
„Исто така, подрачјето, чиј сме дел, истовремено е гробиште на одредени држави. Многу земји кои немале воена, политичка и културолошка сила на ова подрачје за многу кратко време пропаднале. Само оние кои добро го разбраа духот на времето, кои имаа визија за иднината и цел успеаа да опстанат со векови", истакна Ердоган.
Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, во својот говор рече дека силна држава е можна со силна војска.
„Нашата земја, поради локацијата нема друго решение освен да биде моќна. Околу нас има еден круг од оган и многу поробени народи чекаат на нашата поддршка и очекуваат надежи од нас. Поради тоа не е доволно што само во Турција да се развие способноста на нашата одбрана. Во исто време ние сме должни да се посветиме и на нашите капацитети за превенција.Ние мора да се потпираме на локални и национални ресурси", рече турскиот премиер.