Турција

Ердоган: „ЦИА не се фокусираше потполно на убиството на Кашоги"

Ердоган изјави дека ЕУ не ја прифаќа Турција бидејќи е муслиманска земја. „Ние сме муслимани. Не нѐ примија токму затоа што сме муслимани. Излезете и кажете ни, но тие тоа не можат да го соопштат", рече турскиот претседател.

Ali Bayaslan  | 15.02.2019 - Обновена : 16.02.2019
Ердоган: „ЦИА не се фокусираше потполно на убиството на Кашоги"

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) не се фокусираше потполно на убиството на новинарот Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

Во текот на гостувањето во заедничката програма на националните телевизии „АТВ" (ATV) и „А Хабер" (A Haber), турскиот претседател Ердоган ја коментираше истрагата во врска со случајот за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, при што нагласи дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) не се посветила доволно околу ова прашање.

„ЦИА не се фокусираше потполно на убиството на Кашоги, САД треба да стават тежиште на ова прашање. Ние сме посветени ова прашање да го изнесеме пред меѓународниот суд", рече Ердоган.

Ердоган истакна и дека администрацијата на Доналд Трамп нема единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија.

„Администрацијата на Трамп дава впечаток дека е далеку од единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија", рече турскиот претседател.

Ердоган изјави дека Европската унија не ја прифаќа Турција бидејќи е муслиманска земја.

„Ние сме муслимани. Не нѐ примија токму затоа што сме муслимани. Излезете и кажете ни, но тие тоа не можат да го соопштат", рече Ердоган.

Тој додаде и дека ЕУ не го одржала даденото ветување во врска со договорот за мигрантите кој го постигнала со Турција.

„Досега ни ветија 3+3 милијарди евра. Колку ни дадоа од тоа? Милијарда и 750 милиони евра. Освен тоа, од Комесаријатот за бегалци стаса 750 милиони долари. Постојат ветувања, но нема дела", рече Ердоган.

Турскиот претседател се осврна и на самитот за војната во Сирија кој е одржан во рускиот Сочи, напоменувајќи дека состанокот бил „многу успешен и многу корисен".

„Втора рунда од самитот за Сирија ќе го покренеме во Сочи, а петтиот ќе го одржиме во Турција", рече Ердоган, нагласувајќи дека веќе сега во Турција се стекнува влијание дека „ќе биде воспоставен некаков ред во Сирија".

Ердоган се осврна и на прашањата за испорачување на припадниците на терористичката организација ФЕТО.

„Го следиме целиот процес на испорачување на припадниците на ФЕТО. Еден дел од нив ги префрливме, а ќе следуваат и нови испорачувања", рече Ердоган, додавајќи дека САД се уште не се искрени во врска со испорачување на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен во Турција.

Ердоган ја коментираше и неодамнешната изјава на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за одбележување на 24 април, како ден кој се поврзува со страдањето на Ерменците во 1915 година.

„Во нашето минато нема геноциди", порача претседателот на Република Турција и додаде дека претседателот Макрон од неодамна почнал да се бави со политика и дека најнапред би требал да ја научи историјата на својата држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın