Турција

Турција: Во Киркларели фатени 33 непријавени мигранти

Во акцијата на жандармеријата се фатени најмалку 78 лица, а утврдено е дека се работи за мигранти со потекло од Авганистан, Ирак, Иран и Пакистан

Özgün Tiran  | 16.02.2019 - Обновена : 17.02.2019
Турција: Во Киркларели фатени 33 непријавени мигранти

Kırklareli

КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Во градот Киркларели, во западниот дел на Турција, фатени се најмалку 33 непријавени мигранти кои се обиделе по нелегален пат да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Жандармериските екипи добија дојава дека група мигранти се подготвуваат на нелегален премин на границата со Бугарија и заминување во европските земји.

Во акцијата на жандармеријата се фатени најмалку 78 лица, а утврдено е дека се работи за мигранти со потекло од Авганистан, Ирак, Иран и Пакистан.

Тие се обиделе да преминат во Бугарија преку пограничните села Кофџаз, Лулебургаз и Демиркој.

Странците се предадени на надлежната Дирекција за управување со миграции во Киркларели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.