Enes Kaplan
22 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, одржа говор на средбата со Здружението на издавачи Анадолија, одржана во претседателскиот комплекс во Анкара, главниот град на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел поради нејзината поддршка за Холандија, и истакна:
„Ја затворате вратата на претседателот на Турција, им ја затворате вратата на неговите министри, не давате дозвола за лет и не им дозолувате на оние што дошле таму да зборуваат. За Холандија, која своите коњи и кучиња ги нафрли врз моите државјани и која ја зароби мојата министерка во автомобил, велите: ‘И јас сум со Холандија’. Вие сте со Холандија? Во ред. И јас сум покрај мојот народ и покрај правото“.
- „Има систем на туторство“ -
„Всушност, во оваа држава не постоеше нешто како парламентарна демократија. Што се случи? Има туторски систем со парламентарна демократија. Тоа го направија“, истакна Ердоган во врска со дебатите за парламентарна демократија.
„Турција не е држава што може да биде навредувана, да се игра со нејзината чест, да се избркаат нејзините министри од пред врата и да се влечат нејзините државјани по земја. Овие случувања внимателно се следени во целиот свет. Ако денес продолжите да се однесувате на овој начин, тогаш утре ниту едно лице од Европа, од Запад не ќе може безбедно и мирно да чекори надвор. Ако го отворите овој опасен пат, вие ќе се соочите со најголемата загуба. Ние како Турција ги повикуваме европските земји да ја почитуваат демократијата, човековите права, слободи. Не треба да се заборави дека колку што нам ни се потребни овие вредности, особно Европјаните имаат потреба од нив“, нагласи Ердоган.
- „Демократски систем“ -
„Системот што ќе го воведеме се применува во голем број земји во светот, бидејќи воглавно власта се собира околу една личност и затоа се укинува повеќелидерскиот систем, поради неговата нефункционалност. Она што тие постојано го повторуваат 'режим на еден човек', всушност е нешто сосема друго, прашање што се затвори во 1923 година. Повеќе не станува збор за 'режим на еден човек'. Претседателскиот државен систем е демократски систем, бидејќи народот го избира претседателот на демократски избори, со 50 + 1 од гласовите на избирачите што гласале. Но дали ние во Турција видовме премиер кој освоил 15 отсто од гласовите? Видовме. Веќе не сакаме да гледаме такви ситуации“, истакна претседателот Ердоган.