Etem Geylan
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека постои силна волја за унапредување на билатералните односи на Турција со Србија во секоја област на соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Србија за нас е пријателска земја. Таа е клучна земја за мирот и стабилноста на Балканот. Во двете наши земји постои силна волја за унапредување на билатералните односи во секоја област на соработка“, рече Ердоган во обраќањето на Бизнис форумот помеѓу Турција и Србија.
Турскиот претседател истакна дека минатата година обемот на трговска размена меѓу Турција и Србија надмина една милијарда долари, и дека цел е зголемување на обемот на трговската размена на два, а потоа и на 3 милијарди долари.
- Вучиќ во Турција: Сакаме ваше најголемо присуство во Србија -
Трговската размена меѓу Србија и Турција во последните десет години е зголемена за деветпати и сигурен сум дека е можно дополнително уште трократно да ја зголемиме, изјави денес во Истанбул српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ на обраќањето на стопанствениците на Бизнис форумот помеѓу Србија и Турција во Истанбул рече дека сé повеќе српски туристи доаѓаат во Турција, но исто така и турски туристи кои доаѓаат во Србија.
„Ние за вас веројатно сме мала земја, но Турците станаа туристи број еден во Србија. Денес во Србија имаме најмногу туристи од Турција и сакаме да ги има и уште повеќе. Ова можеби некому некогаш му било разбирливо кога станува збор за Босна и Херцеговина и Албанија, но Србија денес има најголем број на туристи од Турција. Многу луѓе во Белград се прашуваа како е тоа можно, а потоа установивме дека во Белград има најголем број на туристи од Турција, не само во другите делови на Србија. Тие ги посетуваат и културно-историските споменици и знаат какви се нашите културни и историски врски. Тие сакаат и да научат нешто ново, сакаат да го поминуваат времето во Белград и се надеваме дека ќе сакаат уште повеќе да вложуваат во Белград и во Србија“, рече Вучиќ.