Çiğdem Alyanak
25 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес разговараше со својот руски колега, Владимир Путин, за спорниот и неуставен референдум што Курдската регионална управа го организира во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на телефонскиот разговор, Ердоган и Путин изразија согласност за важноста за зачувување на суверенитетот и интегритетот на Ирак и на Сирија, соопшти за АА неименуван извор од канцеларијата на турскиот претседател.
Лидерите на двете земји во телефонскиот разговор се согласија в четврток да се состанат во Анкара и детално да дискутираат за ситуацијата во регионот.