Sarp Özer
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска оствари телефонски разговор со 17-годишната Палестинка Ахед ал Тамими, која утринава беше ослободена од израелскиот затвор, при што упати честитики до неа поради нејзината храброст и упорност во нејзината борба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, претседателот Ердоган упатил честитки до храбрата Палестинка, добитничка на наградата за храброст „Ханзала“, поради нејзината храброст и упорност во нејзината борба.
Според соопштеното, за време на телефонскиот разговор Тамими била во друштво на нејзината мајка, Нериман, која денес исто така беше ослободена од затвор.
Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да ја поддржува праведната борба на Палестинците.