Barış Gündoğan
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека во војна постои правило според кое не смее да се отвора оган на медицински персонал, но дека таквите напади ги изведуваат „оние како што се Холанѓаните“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на присутните во Конгресниот центар Баштепе, по повод Празникот на медицинарите, турскиот претседател Ердоган го коментираше неодамнешниот скандал во Ротердам, кога владата на таа земја го откажа гостопримството на турските министри, а полицијата брутално интервенираше на собраните турски државјани што протестираа во Ротердам против депортирањето во Германија на турската министерката за семејство и социјални политики, Фатма Бетул Сајан Каја.
„Дури и во војна постои правило според кое не смее да се отвора оган на медицински персонал, но ако се како Холанѓаните, тогаш тоа може да го направат. Тоа отворено да го кажам, бидејќи ние ги знаеме Холандија и Холанѓаните уште од Сребреница. Увидовме колку им е расипан карактерот кога се масакрирани осум илјади Бошњаци во Сребеница. Добро ги знаеме. Никој нека не ни држи лекции за цивилизација. Челото и образот на овој народ се чисти, а нивните се сосема црни“, рече Ердоган.