Ali Eyvaz
16 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара порача дека на Турција не ѝ требаат бирократи кои се плашат за своите позиции, туку оние кои се борат и вложуваат напор во исполнувањето на своите обврски и одговорности, јавува Anadolu Agency (AA).
„Потребни ни се бирократи кои не се грижат за своите позиции, туку оние кои произведуваат, кои се борат и ги вложуваат сите напори за да ги исполнат своите обврски и одговорности. Секој оној кој преминал во состојба на пасивност за да не ја изгуби својата позиција нека знае дека престанал да биде дел од нашата екипа. Во случај да добиеме такви жалби, никому нема да простуваме“, порача Ердоган.